Министерот Таравари на денешната средба со амбасадорот на Јапонија во нашата држава, Н.Е. Оцука Казуја истакна дека Јапонија традиционално е голем поддржувач и партнер на Министерството за здравство во бројни проекти за зајакнување на капацитетите на јавните здравствени установи и унапредување на здраствената заштита во нашата држава.
-Голема благодарност до амбасадорот Казуја и до јапонскиот народ за несебичната поддршка и успешната соработка која ќе продолжи и во иднина, рече министерот Таравари.