На денешната средба на министерот за здравство, д-р Фатмир Mеџити со претставничката на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Патриција ДиЏовани, се дискутираа работните активности и полиња на потенцијална соработка за 2023 година. Во таа насока, Министерството за здравство со УНИЦЕФ ќе потпишат годишна програма, дизајнирана во насока на подобрување на квалитетот на здравствени услуги.
Во делот на зголемување на ефективноста и ефикасноста на здравствените услуги, МЗ и УНИЦЕФ заеднички ќе работат на развој и градење на капацитетите на здравствените работници, анализа и совети за политики за подобрување на распределбата на јавните финансии и човечките ресурси за имунизација, вклучително и функционална анализа на услугите за вакцинација, анализа за трошоците и придобивките од службите за домашна посета на ниво на примарна здравствена заштита, поддршка на МЗ и други чинители во здравствениот сектор за да се третираат трендовите на дебелина кај деца и адолесценти, зајакнување на националните капацитети и поддршка во препораките за рана интервенција кај децата, ран детски развој и менталното здравје, базирани на докази од неколку анализи и студии.
Програмата предвидува и континуирана поддршка на имунизацијата – масовна мултимедијална комуникациска кампања за потсетување на јавноста за достигнувањата во науката за вакцините и историјата на успехот на вакцините која е неопходна за да се врати довербата во здравствениот систем и вакцините.
/**
*/