МЕЏИТИ НА СРЕДБА СО Д-Р АНЕ ЈОХАНСЕН: ЗАЕДНИЧКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити оствари официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје. На средбата се дискутираше за заедничките приоритети од областа на здравството и за активностите кои ќе се спроведуваат во претстојниот период, меѓу кои и иницијативата за зајакнување на капацитетите на Министерството за здравство во целина. Оваа иницијатива ќе опфати:- Воспоставување механизми за редовно следење и оценување на перформансите на здравствениот систем, со цел да се преземат дополнителни активности во областите каде што е потребно- Подобрување на функционирањето на работните групи во рамките на Министерството, со цел да се унапреди соработката и координацијата и- Зајакнување на механизмите за управување и отчетност на Министерството, со цел да се забрза напредокот кон универзална здравствена покриеност.

Сподели на:

Related Posts