СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО

Оваа недела е Светската недела на доењето! Мајчиното млеко е идеална храна за бебињата. Бебињата треба да се хранат исклучиво со мајчино млеко во првите шест месеци од животот, а доењето треба да продолжи до втората година од животот па и понатаму

Мотото на Светската недела на доење, годинава, е „Заложи се за доење, едукација и поддршка“.

Доењето значително го подобрува здравјето и стапката на преживување и на мајките и на бебињата. Доењето може да спаси живот, да го подобри здравјето и да влијае на подобрување на социо-економската состојба на поединци и на цели народи.

Мајчиното млеко е неопходно за правилен раст, развој и здравје на бебето, а воедно е добро и за физичкото и психичкото здравје на мајката. Доењето е најздравата и единствена исхрана, која треба да ја прима новороденчето до едногодишна возраст покрај додатоците, што придонесува за здрава возрасна популација.

Сподели на:

Related Posts