featured

МАЛИОТ ЈАНЕ И ОСТАНАТИТЕ ШЕСТ ДЕЦА ГО ПРИМИЈА ЛЕКОТ „СПИНРАЗА“

Малиот Јане денеска на Клиниката за детски болести го прими лекот „Спинраза“. Во тека на минатиот месец, сите седум деца со спинална мускулна атрофија ја примија потребната терапија. Овој лек претставува најсовремена терапија што се дава во најразвиените земји во светот.  Значително го зголемивме буџетот на Програмата за ретки болести. Во 2016 година, буџетот изнесувал […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: БЕСПЛАТНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ПОЧНУВА ОД УТРЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Здравствен Дом Скопје Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре (петок, 22.11.2019 година). За оваа сезона набавени се вкупно 28 илјади вакцини, кои се бесплатни и наменети се за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на […]

ОБЕЗБЕДЕНИ НОВИ 40 АВТОМАТСКИ АГИТАТОРИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА, СЕ ЗАОКРУЖУВА ПРОЦЕСОТ НА УСОГЛАСУВАЊЕ НА РАБОТА СПОРЕД ЕУ ДИРЕКТИВИ

Стремејќи се кон унапредување и стандардизација на Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија, во согласност со европските препораки за квалитет во крвната банка, обезбедени се 40 автоматски агитатори.  Функцијата на овие агитатори се состои во следење на процесот на дарување на крв (времетраење, количина, кој пунктер, регистрација на неусогласености при дарување), регистрација на […]

НАЈГОЛЕМО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ДОСЕГА ВО ЗДРАВСТВОТО, ПРВПАТ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СЕ ВИСТИНСКИ ВРЕДНУВАНИ И ПОЧИТУВАНИ

Министерството за здравство информира дека досега е направено најголемо зголемување на платите во јавното здравство. За две години направени се рекордни покачувања во платите на здравствените работници, а медицинските сестри за првпат се вистински вреднувани и почитувани. Во месец септември 2018 година, на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата за плата за […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕНО НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НАЈКВАЛИТЕТЕН ТРЕТМАН ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ДИЈАБЕТЕС

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на централниот настан за одбележување Светски ден против дијабетесот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари, со поддршка од Министерство за здравство, здруженија, институции и компании.  Во своето обраќање тој нагласи дека Министерството за здравство е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: 134 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ПОЧНАА СО ШЕСТ МЕСЕЧНА РАБОТА ВО СЛУЖБИТЕ ЗА ПАТРОНАЖНА ДЕЈНОСТ

Од понеделникот, 134 медицински сестри почнаа со шест месечна платена работа во Службите за патронажна дејност во 17 здравствени домови и во 2 општи болници со проширена дејност на територија на Република Северна Македонија. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ги посети и им посака успешен старт на медицинските сестри во Здравствениот Дом во […]

ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА ИНСТАЛИРАН НОВ ДИГИТАЛЕН РЕНДГЕН АПАРАТ

Инсталиран е нови дигитален рендген апарат во Општа болница во Гостивар, кој од наредната недела ќе биде пуштен во употреба за пациентите од овој регион. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети болницата и информираше дека извршена е реконструкција на оперативниот блок и изолација на кровна тераса.  -Извршена е реконструкција на оперативниот блок, […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Е АКРЕДИТИРАНА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА, ЗА 15% Е ЗГОЛЕМЕН КАПАЦИТЕТОТ СО ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ ВО УСТАНОВАТА

Клиничката болница во Тетово е акредитирана од Агенцијата за акредитација. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче при денешната посета во оваа јавно-здравствена установа истакна дека како регионален медицински центар, во изминативе две години реализирани се значајни инвестиции за унапредување на условите за третман на пациентите. „Извршено е реновирање на инфективното одделение, како и реконструкција […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: СО ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЛАТИТЕ ОВОЗМОЖУВАМЕ ДОСТОИНСТВЕНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Министерството за здравство во правилна политика води вистинска грижа за здравствените работници. Од февруари 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%. „Со зголемувањето на платите овозможуваме достоинствени услови за работа на здравствените работници. Тие да работат достоинствено дома, во јавните здравствени установи и да не […]

НАБАВЕНА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕРМАТОЛОГИЈА

Универзитетската клиника за дерматологија набави нова медицинска опрема во вкупна вредност од речиси половина милион денари, која ќе обезбеди највисок стандард на дијагностика за пациентите кои се лекуваат на оваа клиника. Од денеска, на клиниката во функција се: нов апарат за пресотерапија и лимфна дренажа за лекување хронична венска инсуфициенција, примарни и секундарни лимфедеми на […]