ТАРАВАРИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО СЛОВАЧКА: НОВА ЕРА НА ТЕЛЕМЕДИЦИНАТА И Е-ЗДРАВСТВОТО ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Важен чекор кон модернизација на здравствениот систем – министерот Арбен Таравари, потпиша меморандум за соработка со Министерството за здравство на Република Словачка, со акцент на електронското здравство и телемедицината – две клучни области за иднината на здравствените услуги.

Во Братислава, министрите Арбен Таравари и Камил Шашко го потпишаа договорот со кој се зајакнува билатералната соработка во медицинските иновации, размена на експертиза и обука на здравствени работници. Меморандумот е со цел модернизирање на дигиталната здравствена инфраструктура, олеснување на медицинските консултации од далечина и подобрување на пристапот на пациентите до медицински услуги.

-Ова е голем чекор кон попристапен и поефикасен здравствен систем. Партнерството со Словачка ќе ни помогне да имаме корист од нивното искуство и напредната технологија во е-здравството и телемедицината, истакна министерот Таравари по церемонијата на потпишување.

Оваа соработка ги отвора вратите за конкретни проекти, кои ќе донесат иновативни технологии во здравјето, подобрување на грижата за пациентите и подготовка на здравствените работници за предизвиците на дигиталната ера.

Сподели на:

Related Posts