-Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и услуги за пациентите се приоритет на Министерството за здравство. 100 дена нова Влада значи вработување на 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување на економските директори, нова магнетна резонанца во поликлиника Идадија, реновирано одделение на Дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на позитивната листа за 9 генерици или 87 лека, посочи министерот.
За 100 дена Влада се укина постоењето економски директори, што значи заштеда за здравствениот систем.
Во тек е мерката 300 плус 300 за вработување во јавните здравствени установи во дефицитарните области, која се одвива во две фази, и тоа вработување на 300 специјализанти до крајот на годинава, и 300 специјализанти следната година. Со ова им даваме шанса на младите доктори и покажуваме дека водиме грижа за пациентите.
Во првите 100 дена се прошири позитивната листа со 9 генерици или 87 лека, во различни форми, јачини и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. Ова е значително олеснување за пациентите, со што вкупно еден милион евра ќе останат кај граѓаните.
Понатаму, комплетно е реновирано одделение за дигестивна хирургија, набавена е апаратура за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст во вредност од милион евра.
Во Поликлиника Идадија во рами на Здравствен Дом Скопје е пуштен во употреба новиот апарат за магнетна резонанца, кој претставува врв во дијагностиката.
Реализирани се и многу други проекти. Продолжуваме посветено да го подобруваме здравствениот систем за сите граѓани.