Лекарската професија за мене претставува не само професионална определба туку поданост, пожртвуваност и разбирање на најранливите и луѓето на кои вистински им е потребна помош. Со оваа професија се запознав уште од мојата најмала возраст и тоа секогаш восхитувајќи им се на моите родители кои водени од истатапрофесија неуморно и постојано се обидуваа да го дадат својот допринос за своите пациенти. Ја имав среќата да се воспитувам и да се водам од моите врвни професори на Медицинскиот Факултет во Скопје, каде дипломирав и завршив специјализација по интерна медицина, а во тек со субспецијализација по побласта на гастроентерохепатологијата
/**
*/