Д-р Дрита Бисљими

Лекарската професија за мене претставува не само професионална определба туку поданост, пожртвуваност и разбирање на најранливите и луѓето на кои вистински им е потребна помош. Со оваа професија се запознав уште од мојата најмала возраст и тоа секогаш восхитувајќи им се на моите родители кои водени од истатапрофесија неуморно и постојано се обидуваа да го дадат својот допринос за своите пациенти. Ја имав среќата да се воспитувам и да се водам од моите врвни професори на Медицинскиот Факултет во Скопје, каде дипломирав и завршив специјализација по интерна медицина, а во тек со субспецијализација по побласта на гастроентерохепатологијата. Уште посреќна се сметам што работам со врвен тим на одделението за Гастроентерохепатологија при ГОБ “ 8-ми Септември”, каде ми е дадена можноста да се профилирам на мојата област и да го дадам мојот максимален професионален ангажман. Да бидеш сведок на подобрување на здравствената состојба на болен или целосно излекување е најголемиот дар кој еден професионалец може да го добие. Затоа идеалот на секој лекар па и мој е да вложам напори во најсовремено и најадекватно лекување на пациентите од една страна, а секако и да го пренесам моето знаење и искуство на моите помлади колеги. Само со многу љубов и уште поголема интелектуална ангажираност може да се постигне тоа што се бара од еден лекар.

Сподели на: