ТВОЈ ДОКТОР – Д-р Ирфан Axмeти, специјалист интернист, субспецијалист ендокринолог, вработен во Универзитетската клиника за ендокринологија – Скопје
Докторска професија за мене е света професија. Тоа е сон од моето детство. Да се спаси животот на пациентот, да им ја ублажиш болката и страдањето на болните, да се спречи ширењето на болеста и можните компликации, беше моја желба како одличен ученик, но исто така, беше желба и на семејството и луѓето околу мене. Патот за стекнување диплома на доктор е полн со жртви, но исто така, претставува гордост од моментот на положување на Хипократовата заклетва. Вршењето на должноста на лекар не е само професија, тоа е исто така, соработка со пациентот со цел да се одржи здравјето и неговата благосостојба.
Заедничко задоволство и за докторот и за пациентот е да се постигне успех во лекувањето и да се спречат можните последици.
Подигнување на нивото на здравствена едукација на населението, едукација на студентите и идните лекари е eдна мисија што ја спроведувам со големо задоволство.
Мојата најголема сатисфакција е кога новите генерации на лекари ме поздравуваат со голема почит, исто како што јас сум имал почит за моите наставници.
Професијата лекар, сепак, бара поддршка од семејството и пријателите, без кои моите лични достигнувања немаше да имаат вредност.