ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ ЗА МИГРАЦИЈА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска учествуваше на тркалезна маса за развивање платформа за сеопфатен национален план за вонредни состојби во областа на миграцијата, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Во рамки на своето обраќање, д-р Милошев потенцираше дека за време на мигрантската криза, здравствениот сектор ги презема сите мерки за обезбедување здравствени услуги за мигрантите, а истовремено презема и превентивни анти-епидемиски мерки со цел одржување мирна и стабилна епидемиолошка состојба во државата и во регионот.

Координативното дело за кризни состојби формирано во рамки на Министерството за здравство има изготвено акциски план за постапување на здравствениот систем при зголемен број мигранти, со посебен акцент на заштита на здравјето на граѓаните, имплементирање соодветни превентивни мерки, обезбедување на потребните здравствени услуги за мигрантите, како и континуирана координација со сите надлежни институции, Црвениот крст на РМ и невладиниот сектор.

Сподели на:

Related Posts