УК ЗА КАРДИОЛОГИЈА – 29 СЕПТЕМВРИ СВЕТСКИ ДЕН НА СРЦЕТО

Светскиот ден на срцето, традиционално, се одбележува на 29 септември. На овој ден, кога светот сè уште се бори со пандемијата предизвикана од Ковид-19, никогаш не сме биле посвесни за важноста на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Така, оваа година Светскиот ден на срцето е поважен од сите досега. Сега е шансата за сите нас, да се осигураме дека го негуваме и правилно го чуваме срцето.
Кардиоваскуларната болест е најголемиот убиец на светот. До неа доведуваат многу причини, почнувајќи од консумирање цигари, дијабетес, висок крвен притисок, до загадување на воздухот и други болести. Во 2019 година се забележани 17,9 милиони смртни случаи во светот како резултат на кардиоваскуларни заболувања, односно 32 отсто од сите смртни случаи глобално. Од нив, 85% како резултат на срцев или мозочен удар.

Универзитетската клиника за кардиологија е секогаш достапна за своите пациенти, дури и во овие најтешки времиња на Ковид-19 пандемијата. Иако во моментот дел од клиниката функционира и како ковид центар, со цел да ги третира пациентите со кардиоваскуларни заболувања заразени со Ковид-19, останатиот дел на клиниката работи со целосен капацитет, вклучувајќи голем број коронарни интервенции, како и останати дијагностички процедури.
Ги охрабруваме пациентите да продолжат со својата рутинска нега на срцето, со цел да се осигурат дека ќе останат здрави. Колку побрзо се третира болеста на срцето, толку е подобар исходот кај пациентите и се намалени ризиците од компликации. П

Сподели на:

Related Posts