УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕХАНИЗМИТЕ НА БИОМЕДИЦИНСКО ПОТПОМОГНАТО ОПЛОДУВАЊЕ – СУРОГАТ МАЈЧИНСТВО

Услови што треба да ги исполнуваат заинтересираните брачни двојки:

surogat-foto1

– Брачни двојки –  државјани на Република Македонија, кои имаат проблем со женски или машки стерилитет, односно жената од брачната двојка нема матка и/или има оштетена матка, нема јајници и/или има оштетени јајници, или мажот од брачната двојка истовремено има стерилитет кој не може да биде излекуван.

– Брачната двојка дотогаш имала три неуспешни бремености на жената.

Услови што треба да ги исполнуваат хуманите жени кои од алтруистички побуди би родиле дете за друг:

– Жени на возраст од најмалку 25 години живот и повозрасни, кои се во добра психофизичка и општа здравствена состојба која и 

овозможува на жената здрава бременост и раѓање на здраво дете.

– Жените да бидат мајки на најмалку едно дете и да бидат македонски државјани.

Прв чекор што треба да го направат заинтересираните:

Да се обратат во Министерството за здравство, со доставување соодветна документација како потврда дека ги исполнуваат горенаведените услови.

Министерството за здравство води два регистра, од кои еден за жените кои се потенцијални гестациски носители, а другиот за брачните двојки.

 

Министерството ги внесува податоците во овие регистри, откако ќе утврди дека се исполнети условите.

Втор чекор што треба да го направат заинтересираните брачни двојки:

Да достават барање во Министерството за здравство за увид во соодветниот регистар заради вршење избор на гестациски носител.

(Изборот на гестацискиот носител го врши самата брачна двојка)

Трет чекор што треба да го направат заинтересираните брачни двојки:

Да се обратат во Mинистерството за здравство со:

– писмено барање за почнување на постапката за биомедицинско потпомогнато оплодување со гестациски носител.

– да достават писмена изјава заверена кај нотар

– претходно да бидат стручно советувани за психолошките и правните последици од оваа постапка, од страна на Комисијата за психолошко советување и Комисијата за правно советување.

Министерството за здравство по добивање на писменото барање, ќе утврди дали се исполнети сите услови од овој закон за поведување постапка и писмено ќе ја извести брачната двојка и потенцијалниот гестациски носител.

Доколку се исполнети условите за поведување на постапка на БПО со гестациски носител, брачната двојка и потенцијалниот гестациски носител склучуваат договор за уредување на меѓусебните права и обврски кои произлегуваат од таа постапка.

Сподели на:

Related Posts

Остави коментар