УСПЕШНО ИЗВРШЕНА ПЕТТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ЦРН ДРОБ

Успешно извршена петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и земени материјали за коскени ткива.

➡️ Извршена е и прва баријатриска интервенција на Дигестивна хирургија, со буџет од Фондот.

➡️Трансплантацијата на црн дроб и бубрези е извршена непосредно пред трагичниот настан во Кочани.

Благодарност до семејствата, кои во најтешките моменти на загуба, покажуваат големина и хуманост, спасуваат човечки животи.

Огромна благодарност и за сите здравствени работници, вклучени во овој процес, кој траеше 48 часа, посочи министерот Таравари на денешната прес-конференција, заедно со директорот на ФЗО, Клековски, директорот на Дигестивна клиника, проф. д-р Костовски, националниот координатор, проф. д-р Кузмановска и доктори од тимовите за трансплантација.

Сподели на:

Related Posts