Успешна трансплантација на Клиника за ортопедија, со имплант – коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13 годишно дете со брахидактилија.
Првпат кај нас е извршена ваков тип трансплантација и детето е со уреден постоперативен тек .
– Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од д-р Даница Поповска и доц. д-р Илир Шабани, како и сите здравствени работници кои учествуваа во оваа трансплантација, како штосе: д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарки Сузана Пејчиновска, Арјета Мемети, анестетичар Менка Дојчиновска, радиолошки технолог Крешник Шеху и гипсер Ирена Галевска.
Продолжувае со уште посилно темпо заедно со сите чинители да ја подигнуваме свесноста за овој највисок акт на човекољубие, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.