ВО ТЕК Е НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „БИДИ СРЦЕВИНА, БИДИ ХЕРОЈ“ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ДОБРОВОЛНИ ДОНОРИ НА МАТИЧНИ КЛЕТКИ ЗА СПАСУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ

Во тек е националната кампања „Биди срцевина, биди херој“ за зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки поддржана од Министерството за здравство, Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика, кадешто се наоѓа Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години во Институтот за имунологија и хумана генетика може да дарува коскена срцевина и да спаси човечки живот.

Пред 19 години за првпат беше изведена трансплантација на матични клетки и досега се реализирани повеќе од 550 интервенции. Во ноември 2018 година за првпат беше изведена првата трансплантација на матични клетки од несроден донор и досега изведени се 8 такви трансплантации, достапни за македонските осигуреници.

Целта на оваа кампања е подигање на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, секој да може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.

Сподели на:

Related Posts