ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО РЕНДЕВСКИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ ТРИ СТУДИИ НАПРАВЕНИ ВО ДРЖАВАТА НА ПРВАТА СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КОВИД-19 ВО БЕЛГРАД

Заменик министерот за здравство Рендевски презентираше три студии направени во државата на Првата светска конференција за Ковид-19 во Белград
Од 26 март во Белград се одржува тридневна Прва светска конференција посветена на борбата против Ковид 19, на која учествуваат еминентни експерти од светот на медицината од целиот свет. На конференцијата има близу 1.000 учесници, повеќе од 300 предавачи на над 50 теми, како и министри од регионот, меѓу кои е и заменик-министерот за здравство на Република Северна Македонија Владимир Рендевски.На министерскиот панел, заменик-министерот Рендевски презентираше три студии кои нашата држава и комисијата за заразни болести ги имаат направено во изминатиот период на ковид пандемија. Во првата студија се анализираат бројот на новозаболени пациенти, бројот на почнатите и бројот на хоспитилизаринте врз основа на што се пресметува алгоритам за пресметување на епидемиолошката состојба и соодветна примена на епидемиолошките мерки.Во втората студија треба да се истакне дека во вакцинираната и невакцинираната популација се работеше серолошки скрининг кој што покажа дека кај првата група на невакцинирани има присуство на антитела кај 75 отсто, додека во втората група на вакцинирани околу 86 отсто, што укажува дека Македонија е земја со доста добра имунолошка состојба.Третатото истражување е ретроспективна студија во која е направена анализа на варијабли меѓу испорачаните здравствени услуги во ковид центрите во државата и еден од главните маркери што покажа различност во квалитетот на тие здравствени услуги е бројот на медицинскиот персонал по пациент.

Сподели на:

Related Posts