Здравствена правичност, кохезија и отпорност во Северна Македонија: Кон трансформација на здравствениот систем“ –ова е темата на денешниот Национален форум за здравство на кој свое обраќање имаа министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменик министерката д-р Маја Манолева.- Веќе подолг период со поддршка од агенциите на ОН и другите развојни партнери, се обидуваме да изградиме систем на примарна здравствена заштита кој е способен да обезбеди висококвалитетна нега што ги задоволува потребите на населението, за што беше потребна соодветна правна рамка. Верувам дека сите заеднички напори ќе помогнат да се подобри здравјето на населението, да се зголеми пристапот до здравствена заштита, особено за ранливите групи, тоа мора да биде еден од нашите приоритети во иднина, истакна Меџити во обраќањето.Д-р Манолева во обраќањето истакна дека фокусот е на системските промени кои бараат подолг временски период, на пример, надградба на додипломско и постдипломско медицинско образование, како и развој на нови сојузни здравствени професии како нутриционисти и подијатристи кои се потребни за пациентите да се справат со нивните неинфективни болести или состојби.На форумот има учесници од голем број сектори, здравствени установи, претставници од локални власти, но и претставници од невладиниот сектор, од граѓанските и професионалните здруженија, кои од свој аспект може да дадат значаен придонес кон надминување на предизвиците во оваа област.
/**
*/