ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 87 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 3239, ОЗДРАВЕНИ СЕ 5 ПАЦИЕНТИ-ПОЧИНА 1 ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-41, Куманово-12, Штип-16, Тетово-10, Струга-1, Охрид-2, Гостивар-1, Пробиштип-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

•             Скопје 1373, активни 760

•             Куманово 568, активни 150

•             Дебар 53, активни 2

•             Штип 223, активни 185

•             Прилеп 218, активни 25

•             Тетово 301, активни 135

•             Струга 106, активни 33

•             Велес 144, активни 30

•             Битола 30, активни 3

•             Охрид 37, активни 20

•             Кавадарци 6, активни 1

•             Гостивар 51, активни 29

•             Гевгелија 6, активни 2

•             Струмица 5, активни 2

•             Крива Паланка 7, активни 1

•             Радовиш 4, активни 0

•             Крушево 3, активни 0

•             Кочани 53, активни 22

•             Пробиштип 11, активни 9

•             Демир Хисар 1, активни 0

•             Македонски Брод 2, активни 0

•             Пехчево 3, активни 0

•             Берово 2, активни 1

•             Валандово 3, активни 2

•             Виница 3, активни 1

•             Делчево 1, активни 0

•             Кратово 3, активни 1

•             Свети Николе 3, активни 2

•             Кичево 3, активни 1

•             Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 987 теста се преку: ИЈЗ –381 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –72, Биотек – 163, Жан Митрев (Филип Втори) –101, Систина со PCR метода –137 и МАНУ -103.  Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

•             Чаир-192

•             Бутел-68

•             Центар-66

•             Гази Баба-63

•             Аеродром-61

•             Карпош-57

•             Сарај-55

•             Кисела Вода-37

•             Ѓорче Петров-23

•             Арачиново-23

•             Шуто Оризари-21

•             Студеничани-20

•             Илинден-18

•             Петровец-6

•             Чучер Сандево-3

•             Сопиште-2

•             Странец-2

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021