Државен секретар

Д-р Владимир Милошев, спец. по максилофацијална хирургија е роден на 6. август, 1965 година, во Штип. Р.Македонија. Живее и работи во Штип, оженет, татко на една ќерка.
Во 1989 година дипломирал на Стоматолошки факултет, Универзитет „ Св.Кирил и Методиј-Скопје. Од 2004 до 2008 година специјализира на катедрата по максилофацијална хирургија на Клиника за максилофацијална  хирургија, Универзитет „Св.Кирил и Методиј “-Скопје.

Неговото работно, стручно и наставно-научно искуство почнува од 1992 до 2004 година, кога работи во стоматолошки оддел во Медицински центар-Штип. Во периодот од 1994 до 1996 година е шеф на стоматолошка амбуланта, а од 2004 до 2017 година во Клиничка болница, оддел за максилофацијална хирургија.

Во 2013 година бил избран за асистент во областа на максилофацијална хирургија на катедрата за орална и максилофацијална хирургија и имплантологија, на Факултетот за медицински науки, УГД, Штип.
Од 2013 до 2017 година бил раководител  на оддел за максилофацијална хирургија, за наставно-научна активност и координација со Факултет за медицински науки, УГД, Штип.

Исто така, д-р Милошев е постојан судски вештак и член на референтни професионални и стручни асоцијации, меѓу кои, како позначајни се: член на Лекарска комора на Македонија; член на Европска асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија; член на Комисија за стручни стоматолошки прашања и континуирана стоматолошка едукација на Факултет за медицински науки, Универзитет „ Гоце Делчев“, Штип.

Автор и коавтор е на бројни научни и стручни трудови, учесник на конгреси, конференции, едукативни семинари, симпозиуми и работилници.

Линк до целосната биографија

Остави коментар