ОД 8 ДО 14 ОКТОМВРИ ОД КОВИД-19 ПОЧИНАЛЕ 105 ЛИЦА, ОД КОИ 79 НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ

Во период од 08.10 до 14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид-19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, вакцинирани биле 26 пациенти починати со Ковид-19. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.  

Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид-19, примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм.  

Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26-те пациенти, кои починале со ковид.  

8 октомври  

-Пријавени за починати 16 пациенти со Ковид-19, 5  од починатите биле вакцинирани:  

84 год. кардиолошко заболување  

62 год. кардиолошко заболување  

78 год. кардиолошко заболување  

63 год. кардиолошко заболување и дијабет  

73 год. кардиолошко заболување и дијабет  

9 октомври  

-Пријавени за починати се 18 пациенти, само еден од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабетес и кардиолошко заболување.  

10 октомври  

-14 пациенти пријавени за починати, од нив тројца биле вакцинирани.  

64 год. кардиолошко и малигно заболување  

59 год. со кардиолошко заболување  

68 год. кардиолошко заболување и дијабетес  

11 октомври  

-18 пациенти пријавени за починати од нив шест биле вакцинирани:  

72 год. кардиолошка и белодробна болест  

69 год кардиолошка болест  

81 год кардиолошка болест и дијабетес  

76 год кардиолошка болест  

64 год белодробно заболување  

56 год кардиолошко заболување  

12 октомври  

-Шест пријавени за починати, само еден бил вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување;  

13 октомври  

-20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:  

61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам  

80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабетес  

77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабетес  

48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабетес  

72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување  

77 год. кардиолошко и белодробно заболување  

78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабетес  

71 год. кардиолошко заболување  

14 октомври  

-13 пријавени за починати, четворица биле вакцинирани:  

75 год. крдиолошко заболување  

74 год. кардиолошко заболување и дијабетес  

64 год. кардиолошко заболување и дијабетес  

77 год. невромускуларно заболување  

Сподели на:

Related Posts