СРЕДБА ФИЛИПЧЕ-ЗИМЕР, ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗДРАВСТВО, ВКЛУЧУВАЊЕ ВО „GLOBAL HEALTH SECURITY AGENDA“

Министерот за здравство, Венко Филипче се сретна со новиот носител на функцијата шеф на политички и економски оддел, Кристофер Зимер од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.

-Особена чест и задоволство е тоа што имавме можност да размениме повеќе факти во врска со моменталната епидемиолошка состојба и вакцинацијата на населението. На средбата дискутиравме во врска со вклучување на нашата држава во „Global Health Security Agenda” со претставување на националната стратегија за здравство на Република Северна Македонија. САД се наш сојузник во целокупниот изминат период на патот кон унапредување на здравствениот систем и здравствените услуги за граѓаните. Придонесот реализиран во тек на пандемијата и заедничкото пријателство за нашите граѓани значи многу. САД донираше близу два милиона долари за зајакнување на нашиот здравствен систем и благодарение на нивната поддршка во неколку наврати, во првиот и во вториот епидемиолошки бран беа дополнети залихите на лична заштитна опрема, како и на техничката опрема која беше неопходна за спроведување на работата на медицинскиот кадар. ИЈЗ доби значителна донација на тестови за детектирање Ковид-19 и дополнителна опрема за контрола и превенција во лабораторијата, како и ПВР машина во реално време (PCR real time) која е од особена важност за нас. Благодарение на сите овие донации се зголеми капацитетот за тестирање и дијагностика на Ковид-19 вирусот. Институтот доби и биосејфти ниво три лабораторија и се изврши реновирање на микробиолошките лаборатории, со што сега лабораторијата е единствена во регионот која има можност на соодветен акредитиран начин да детектира секаков тип на патогени предизвикувачи на каква било болест.

Сподели на:

Related Posts