СМРТНОСТА НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД ДРАСТИЧНО ГОЛЕМА ВО ГРАДОВИТЕ КАДЕ ИМА МАЛ ПРОЦЕНТ ВАКЦИНИРАНИ

Министерството за здравство информира дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население.  

Во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово, каде опфатот со вакцинација е меѓу 54-61%, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19%   вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува речиси 37%. Слична е состојбата и во Гостивар, каде исто така, имаше мал опфат на вакцинирано население, во овој град опфатот на вакцинирани полнолетни граѓани до крај на август е под 30%, а бројот на починати со ковид е 73 лица.

Време е да ги отфрлиме сите заблуди во врска со вакцините и да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази, кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни. Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме повторно слободно да живееме, без ограничувања и без рестрикции. 

Сподели на:

Related Posts