Во Здравствен дом Валандово од минатата недела почна со работа хигиенско-епидемиолошката служба (ХЕС). Оваа служба ќе ги извршува следните здравствени услуги: брис од грло и нос, уринокултура, копрокултура, паразити, брис од око, брис од уво, бруцелоза тест, хепатит Б и Ц тест, ХИВ тест, ХПВ тест, вагинална флора, брис од јазик, спутум.
Во 2019 година, пуштена е во употреба новата котелска постројка за парно греење на пелети во вредност од 1.500.000 денари, финансирана со средства од програмата (IPA SHIELD II) за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија.
Преку истата програма за прекугранична соработка се планирани неколку набавки, како што се: набавка на возило за посета во рурални подрачја за патронажната служба, набавка на нов биохемиски анализатор и хематолошки бројач за лабораториско дијагностичката дејност, набавка на нов ултразвучен уред – ЕХО апарат, набавка на уред за мешање струи со вакумска електрода за физикална медицина, набавка на уред за електрична стимулација за физикална медицина, набавка на ласерска машина за физикална медицина „Sonoterapy“, како и друга медицинска опрема.
Во овој здравствен дом, минатата година беа реализирани вкупно 11 вработувања и се одобрени три специјализации за интерна медицина, за медицинска биохемија и за физикална медицина.