ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА БУБРЕГОТ

Државниот секретар, д-р Владимир Милошев учествуваше на традиционалното одбележување на Светскиот ден на бубрегот, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, што годинава се одбележа под мотото „Бубрезите и здравјето на жените“. 

-Министерството, секоја година, во рамки на превентивните и куративните програми изготвува посебна Програма за трансплантација, која за годинава изнесува 8 милиони денари. Во неа, меѓу другото се предвидени активности за стимулација на тимовите за трансплантација, со цел дополнително унапредување и евалуација на системот за трансплантација, како и подигнување на свесноста кај граѓаните за значењето и придобивките од органодарителството.
Исто така, Министерството изготвува и Програма за обезбедување на трошоците за болни, кои се третираат со дијализа, која за годинава изнесува-17 милиони денари, посочи д-р Милошев во своето поздравно обраќање.

Сподели на:

Related Posts