УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на конференција во организација на Центарот за управување со промени, посветена на “Итни потреби и приоритети за унапредување на услугите во социјалната дејност и јавното здравство“.

Министерот Филипче потенцираше дека истражувањата во здравството се важни бидејќи крајните корисници односно пациентите најдобро ги знаат проблемите со кои се соочуваат, а откако точно ќе се дефинираат проблемите може да се знае како суштински да се решат.

Воедно, министерот додаде дека посебен акцент во здравствените политики е ставен на превенцијата, преку подобрување на патронажните сервиси, со цел суштинска промена на давање на здравствена нега од болница во домовите на пациентите. 

Сподели на:

Related Posts