ИНФОРМАЦИЈА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство е запознаено со случајот на 31-годишната родилка која била донесена од Општа болница Гевгелија петтиот ден по породување поради епилептични напади од непознато потекло во Клинички Центар Скопје.
Од КАРИЛ информираат дека е примена во исклучително тешка состојба и е постапено согласно сите протоколи, направени се сите иследувања, но по две недели во кома починала и телото е предадено на обдукција.
Со оглед на тоа што донесена е во Клинички Центар пет дена по породувањето потребно е да се почека обдукцискиот наод и да не се шпекулира дека е смртта поврзана со породувањето.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат постапува во рамки на своите надлежности. Со вонреден инспекциски надзор се постапува во болницата во Гевгелија и кај матичниот гинеколог.
Сподели на:

Related Posts