МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ГИ СЛЕДИ ПОТРЕБИТЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ И НЕМА ДА ДОЗВОЛИ НЕДОСТИГ ОД ИНСУЛИН

Информираме дека јавната набавка на инсулин ќе биде распишана на почеток на следната недела и дека се завршени сите претходни подготвителни работи.
Инсулинот кој е со рок на траење до 30.09.2018 година веќе е потрошен во месец јули или го има во многу мали залихи во неколку инсулински аптеки. Пациентите се снабдени со инсулин во рок. Пациените се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од 26 до 30 дена.
Од 15.08.2018 година веќе се обезбедени и ќе се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци.
Министерството за здравство ги следи потребите на населението и нема да дозволи да има недостиг од инсулин.

Сподели на:

Related Posts