ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

-Со цел заштита на населението од високите температури, се препорачува во периодот од 10 до 17 часот кога е најтоплиот период од денот да се избегнува напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности.

-Да се консумира голема количина течност, да се внесува помало количество храна која не содржи многу маснотии и шеќер, а да се избегнуваат алкохолни пијалаци и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно студени пијалаци.

-Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце, да се носат заштитни очила и капа, како и да се престојува во затворени климатизирани простории на температура од 23 до 25 степени.

-При престој на отворен простор треба да се прават почести одмори под сенка, како и да се избегнува престој во целосно затворени возила и директен престој на сонце.

-Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

-Се препорачува при чувство на зашеметеност, слабост, вознемиреност или интензивна жед и главоболка, да се консумира вода или негазиран минарален пијалак, да се побара помош, да се оди се на постудено место колку што е можно побрзo и да се измери телесната температура. При болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, потребно е да се оди на студено место и да се консумира течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

-Пред употреба задолжително треба да се мијат свежиот зеленчук и овошје, и да се прави термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на четири степени, а пред употребата да се загрее на 100 степени. Треба да се избегнуваат производи кои термички не се обработени, а особено да се внимава со консумација на сладолед и разни кремови.

-Високите температури негативно влијаат на здравјето на луѓето при што се влошува состојбата на тие кои страдаат од кардиоваскуларни болести, респираторни болести и ментални нарушувања. Можат да се јават и акутни ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем.

Сподели на:

Related Posts