КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ ДОБИ НОВИ ПОСТЕЛНИНИ, ДОНАЦИЈА ОД СИЛК РОУД БАНКАТА

Универзитетската Клиника за детски болести во Скопје, денеска од Силк Роуд банката доби донација, постелнинина за сите креветчиња во Детската Клиника во Скопје. Со донацијата се подобруваат условите и грижата за најмалите, децата пациенти.

Претседателот на Управниот одбор на Силк Роуд банката, Ролф Шнебели, во присуство на министерот Доц. д-р Венко Филипче и директорката на Универзитетската клиника за детски болести, д-р Катерина Ставриќ, денеска и ја предадоа првата донација за Клиниката, која произлезе од потпишаниот меморандум за соработка. Со ова се овозможи за сите креветчиња на Детската клиник да имаат нови постелнини.

Донацијата е во висина од 212 илјади денари, а се обезбедени преку секоја трансакција со Американ Експрес картичките на Силк Роуд Банка, од кои банката одвојуваше по пет денари, за потребите на оваа Клинката.

Министерот д-р Венко Филипче истакна дека здравствениот систем, има потреба од поддршка и од приватниот сектор.

„Ја пoздравувам оваа иницијатива која е јасен показател за високата свест и општествена одговорност на Силк Роуд банка. Воедно ја користам оваа прилика да ги повикам и останатите компании да го следат примерот на оваа банка. Децата се наш заеднички приоритет“, потенцираше министерот Филипче.

На Универзитетската Клиника за детски болести, годишно, се лекуваат повеќе од 7,400 деца, а околу 5,400 деца добиваат амбулантска, специјалистичка и субспецијалистичка педијатриска грижа.

Директорката на Клиниката за детски болести, д-р Катерина Ставриќ рече дека првата донација од Силк Роуд Банка доаѓа во вистинското време, затоа што набавката за нова постелнина за целата болница е повеќе од неопходна.

„Овој модел за соработка меѓу нашата Клинката со Силк Роуд Банка функционира одлично и ни овозможува реализација за унапредување на условите во Клиниката. Придобивки ќе имаат децата пациенти, но и персоналот“, посочи директорката Катерина Ставриќ.

Со потпишаниот меморандум за соработка, Клиниката за детски болести има уште еден пријател на децата во болница.

„Среќни сме што ја реализиравме првата донација во рамки на нашето парнерство со Клиниката за детски болести. Со нетрпение ги очекуваме и следните донации со кои сакаме да и помогнеме на Клиниката.Горди сме што заедно со нашите клиенти го спроведуваме овој долгорочен проект со кој веруваме дека ќе придонесеме за уште подобра здравствена грижа за најмладите“, изјави претседателот на Управниот одбор на Силк Роуд банка, Ролф Шнебели.

Ваквите партнерства и соработки предизвикуваат позитвни и хумани промени во општеството. Од Клиниката за детски болести се благодарни што оваа банка покажа силна емпатија кон детата во болница.

 

Сподели на:

Related Posts