Министерството за здравство и Пивара Скопје, денеска официјално го отворија првото Роса школо за родителство во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Тука, идните родителите ќе можат да се едуцираат за одговорно, успешно и позитивно родителство, но и отворат дискусии за емотивно приврзување, градење на карактерот на детето, учење на родителските стилови и ран детски развој.
Во Роса школото за родителство ќе работи обучен и стручен тим составен од педијатар, гинеколог акушер и патронажна сестра, кои преку многубројни работилници, организирани во 5 тематски целини, ќе обучуваат за успешно родителство, за текот на бременоста и нега на трудниците, како и за подготовките за породување, негата и исхраната на новороденчето.