Снежана Рсовац, педијатар, пулмолог и началник на педијатриската Интензивна нега при Универзитетската детска клиника во Белград, која веќе еден месец престојува на скопската Клиника за гинекологија и акушерство како експерт, помага да се намали смртноста кај новороденчињата.
Доктор Рсовац, престојува на ГАК на покана на Министерот за Здравство Доц. д-р Венко Филипче и за време на нејзиниот престој, за само еден месец, направени се неколку суштински промени кои придонесуваат за поголема и поорганизирана работа на ова одделение, се разбира во интерес на малите пациенти. На иницијатива на доктор Рсовац, на ГАК на одделението за неонатална интензивна нега и терапија, воведени се нови листи на терапии, дозволени се посети на одделението за мајките и сега може да дојдат да бидат бебето.
Многу е важно да се напомене дека, и за првпат според нејзини насоки е воведена неинвазивна вентилација преку постоечките респиратори, и е воведен специјален НеоПаф – респиратор во салите.
Но, исто така во договор со директорите на Трансфузиологија и Радиологија, најден е начин како да се забрза изработка на анализите кои ќе бидат готови само за само еден ден, со што ќе се интензивира работата, а ќе се намали чекањето на резултатите , што е примарно за брза лекарска реакција кај новородените.
Во првите шест месеци од 2018 година, споредено со истиот период лани, смртноста кај новороденчињата на Клиниката за гинекологија е намалена од 26 на 17 отсто.