Министерството за здравство и Клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, спроведуваат кампања под мотото „Петардите ги уништуваат празниците“, со цел децата да ги заштитиме од повредите стекнати од ексползивни и пиротехнички средства, вклучувајќи и петарди.
Целта на оваа кампања е да ги запознаеме и едуцираме учениците од основните училишта за ризикот од употребата на петарди и другите пиротехнички средства, да ја подигнеме свесноста за сериозноста на овој проблем и да ги спречиме сите несакани повреди предизвикани од нив, во новогодишниот период. Оваа кампања почна на 11 Декември 2018 година и ќе се одвива преку едукативни предавања на ученици од основните училишта од неколку скопски општини. Докторите од Клиниката ќе ги посетат училишта: ООУ „Христијан Т. Карпош“, ООУ „Вера Ц. Трена“, ООУ „Лазо Трповски“, ООУ „Војдан Чернодрински“, ООУ „Владо Тасевски“, ООУ „Страшо Пинџур“, ПОУ „Јахја Кемал“, ООУ „Ѓорче Петров“, ООУ „Мирче Ацев“, ООУ „Јан Амос Коменски“, ООУ „Јоаким Крчоски“, ООУ „Димитар Поп Георгиев“, ООУ „Петар Поп Арсов“, ООУ „Братство“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“. Предавањата се во форма на презентација, ќе траат по 15-20 минути а ќе ги држат нашите лекари, почнувајќи од 19 Декември 2018 до 24 декември 2018 година. Клиниката, предавањата ги организира со помош и поддршка на директорите на горенаведените училишта и претставниците од општините.