ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА ПРИМЕНИ 24 ЛИЦА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА И 3 ЛИЦА ПРЕДОЗИРАНИ ОД ДРОГА

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска, пред Клиниката за Токсикологија, изјави дека за време на новогодишната ноќ, за разлика од предходните години, лекарите имале релативно мирна ноќ за работа.

„На Клиниката за токсикологија, вчера во текот на новогодишната ноќ биле примени 27 пациенти, од кои 24 во алкохолизирана состојба, а тројца од нив биле предозирани со дрога. Во алкохолизирана состојба биле донесени 24 лица, најмладиот пациент имал 15 години. Вкупно 10 малолетници биле донесени во текот на ноќта во алкохолизирана состојба“, информираше министерот Филипче.

Министерот Филипче информираше дека од оние лица во алкохолизирана состојба, сите се пуштени на домашно лекување после третманот.

„Многу е намален бројот на лицата кои користеле психо-активни супстанци. Оваа година тројца во однос на многу поголемиот број изминатите години. Двајца од нив се пуштени дома, а една пациентка е задржана на обсервација на клиниката за токсикологија“, рече министерот Филипче.

Во Ургентниот центар за време на новогодишната ноќ биле прегледани 69 пациенти, од кои 13 се задржани на болничко лекување. Двајца пациенти добиле повреди од петарди, еден имал повреда од стаклена чаша, 8 лица добиле повреди од физички пресметки, а 9 се повредени во сообраќајќи. Само еден пациент е потешко повреден и е на одделението КАРИЛ.

„Првото бебе во 2019 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје – ГАК,  само една минута после полноќ. На ГАК, до утрината на 1 Јануари 2019 година се родиле 7 бебиња“, информираше министерот Филипче.

Сподели на:

Related Posts