МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ЗА ПРВПАТ ОБЕЗБЕДЕНА Е ОРАЛНА ТЕРАПИЈА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКАТА БОЛЕСТ ГОШЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се обрати на настанот посветен на 1 октомври – Интернационалниот ден на Гоше.

Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека од пред неколку денови за првпат достапна е оралната терапија за пациентите со ретката болест Гоше, покрај инфузионата терапија, со која значително се олеснува начинот на примање на терапијата.

„Чест ми е што утрово заеднички го одбележуваме Интернационалниот ден на Гоше. Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија води вистинска грижа за пациентите со ретки болести, меѓу кои и за пациентите со ретката болест Гоше. Од оваа година достапна е оралната терапија за пациентите со ретката болест Гоше, покрај инфузионата терапија. Со оралната терапија значително се олеснува начинот на примање на терапијата и пациентите не мора да ја примаат во болнички услови“, потенцираше министерот Филипче.

За две години воведени се 5 нови лека и значително е зголемен буџетот за ретките болести.

Со Програмата за ретки болести се овозможува континуитет на активностите кои државата ги презема за набавка на медицинска терапија за лекување и третман за пациентите со ретки болести.

Преку Програмата за лекување на ретки болести во 2019 година ќе бидат набавени вкупно 31 лек за пациентите со ретки болести.

Министерството за здравство е во постојана комуникација и координација со здруженијата во оваа област и заеднички работиме за поквалитетен третман на пациентите со ретките болести.

Министерството за здравство е секогаш отворено за соработка и останува посветено на решавање на потребите на сите пациенти, со посебен фокус на лицата со ретки болести.

Сподели на:

Related Posts