Претставници од Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје учествуваат на работилница на тема – Зајакнување на јавното здравје и на улогата на националниот Институт за јавно здравје, Центрите за јавно здравје.
На оваа работилница свое учество имаат и претставници од Светската здравствена организација, со чија поддршка и се реализира оваа работилница од први до трети октомври.
Теми кои се цел на работилницата се:
– Заедничко создавање на споделена визија за јавното здравје
– Градење на постојните служби за јавно здравје, продлабочување на соработката меѓу сите клучни чинители, размена на искуства во однос на заедничката визија за службите за јавно здравје, како и целите кои треба да се реализираат за остварување на оваа визија.
Исто така, на самата работилница се дискутира и за утврдување на приоритетни теми како и предизвици за унапредување на превентивната здравствена заштита и конкретно службите за јавно здравје во Република Северна Македонија како клучна алка во јавно-здравствениот систем.