МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ГО ОТВОРИВМЕ ЧЕТВРТОТО РОСА ШКОЛО ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО СТРУМИЦА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на отворањето на четвртото Роса школо за родителство во Здравствениот дом во Струмица. 

„Со отворањето на вакви школи во повеќе јавни здравствени установи низ државата, родителите имаат можност да посетуваат бесплатни обуки, со цел да се едуцираат за справување со секојдневните предизвици во родителството. Обезбедуваме експертска помош и стручен кадар од лекари специјалисти кои работат во овие школи, посочи министерот Филипче, кој воедно ги повика сите идни родители од Струмица и поширокиот регион да се пријават на обуките. 

Вложувањето во родителството е долгорочна инвестиција за обезбедување стабилно семејно опкружување и здрави идни поколенија. Проектот за отворање Роса школи за родителство продолжува и во претстојниот период и предвидено е до крајот на годинава да се отворат вакви школи и во Охрид и Куманово. Минатата година се отворија три школи за родителство во Скопје, Гостивар и Битола.

Цел на овие школи е промоција и заштита на здравјето на мајката и бебето, јакнење на капацитетите на идните родители за одговорно родителство, запознавање на правата од областа на здравствена и социјална заштита, унапредување на достапноста и квалитетна здравствена заштита. Досега, во овие школи обуката ја поминале околу 200 мајки. 

Соработката на Министерството за здравство со Пивара продолжува и во 2020 година, со отворање на нови Роса школи за родителство. 

Сподели на:

Related Posts