СЛЕДУВА РЕНОВИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО ПРОБИШТИП, ЈУЖНОТО КРИЛО НА УСТАНОВАТА ЌЕ СЕ АДАПТИРА ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, денеска, беа во посета на Здравствениот дом во Пробиштип. 

При денешната посета, министерот Филипче најави проект преку донација од Американската амбасада за подобрување на условите за работа во оваа јавноздравствена установа.

– Благодарение на амерканската амбасада во Здравствениот дом целосно ќе се реновира кровот, внатрешноста, ходниците и дел од ординациите, што ќе почне во периодот што следува. Првпат овој здравствен дом ќе има систем греење, што ќе биде со помош на гас, значи дополнително ќе придонесеме за чиста животна средина, рече министерот Филипче.

Министерот Филипче најави дека јужното крило при Здравствениот дом, кое моментално не е во употреба, предвидено е да се адаптира во дом за стари лица, со капацитет од 54 лица.

-Сакам на најавам нешто што мислам дека е навистина еден пионерски чекор, во рационалното искористување на празните капацитети на здравстените домови и болници ширум државата. Владата на Република Северна Македонија, на една од минатите седници, во владение го даде спратот отприлика од 2000 м2 којшто веќе 20 години е празен и не е во употреба во оваа јавноздравствена установа, се со цел да излеземе во пресрет на граѓаните, на реалните и вистинските потреби, а тоа е тој објект да се трансформира заедно со Министерството за труд и социјална политика во дом за стари лица, потенцираше министерот Филипче. 

Во изјавата за медиуми, министерот Филипче информираше дека првпат по седум години во функција е ставена детската и превентивна стоматолошка амбуланта, со стоматологот којшто дошол да работи од приватното здравство.

Во периодот што следува, ќе се распише и една лиценца за ортодонција, за влез во мрежата. Со ова, Пробиштип првпат добива ортодонција.

Сподели на:

Related Posts