ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ЦРВЕН КРСТ ЗА 5 МЕСЕЦИ ИМ ПОМОГНАЛЕ НА 25.064 ЛИЦА ПОЛЕСНО ДА СЕ СНАЈДАТ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ КЛИНИКИ ВО СКОПЈЕ

Министерството за здравство информира дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот комплекс, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа.

Во периодот од октомври, минатата година, кога стартуваше овој проект, до денес помош од волонтерите побарале 25.064 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека оваа мерка е корисна за пациентите.

Волонтерите се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.

Волонтерите на Црвениот крст од искуствата на терен информираат дека најмногу пациенти побарале помош за упатување на интерните и на хируршките клиники.

 

Сподели на:

Related Posts