Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-67, Куманово-19, Штип-16, Прилеп-4, Тетово-9, Велес-2, Гостивар-1, Неготино -1, Струмица-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, во Скопје-8, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Битола-1. Починати се две лица од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.
Вкупната бројка
на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата
изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147,
а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843. Вчера
по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од
позитивните тестови од Скопје е контролен, две лица регистрирани во
Скопје се од Велес, едно од Берово. Согласно тоа последната дистрибуција
по градови е следна:
• Скопје 1050, активни 451
• Куманово 500, активни 85
• Дебар 51, активни 0
• Штип 127, активни 89
• Прилеп 217, активни 32
• Тетово 245, активни 88
• Струга 90, активни 18
• Велес 137, активни 31
• Битола 28, активни 2
• Охрид 24, активни 7
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 33, активни 12
• Гевгелија 4, активни 0
• Струмица 5, активни 3
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 2, активни 1
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 2, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 13, активни 4 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 953 теста се преку: ИЈЗ –415, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена –71, Биотек -95, Жан Митрев (Филип Втори) –128, Систина со PCR метода – 95 и МАНУ -113. Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. Од нив 19 се потешко болни и на кислородна поддршка. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување преку болницата се следат 9 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.