73 ПРОЦЕНТИ ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ ОД СЕЗОНСКИ ГРИП ВО ОДНОС НА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА

Во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 433 лица. Ова претставува 73,2% помалку во споредба со истиот период лани и 86,3% помалку во однос на типичната сезонска крива.

Најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.  

Во втората недела од 2021 година биле пријавени 36 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во однос на истата недела во 2020 година.

Во Република Северна Македонија, заклучно со втората недела, вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип. Од нив, 37.870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10.536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

Мерките за заштита од КОВИД-19 вирусот придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување.

Повеќе информации во однос на состојбата со грип во земјава, за сезоната 2020/2021, заклучно до 17.01.2021 година може да добиете од веб-страницата на Институтот за јавно здравје: https://www.iph.mk/grip-2-nedela-2021/.

Сподели на:

Related Posts