РЕГИСТРИРАНИ 721 НОВ СЛУЧAJ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 102.482, ОЗДРАВЕНИ 171 ПАЦИЕНТ, ПОЧИНАТИ 7 ЛИЦA

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj со КОВИД-19 во: Скопје – 334, Прилеп – 56, Кавадарци – 52, Неготино – 34, Велес – 26, Охрид – 24, Битола – 23, Куманово –22, Тетово – 18, Струмица – 16, Гевгелија – 15, Крива Паланка – 14, Гостивар – 13, Струга – 10, Богданци – 9, Кичево и Делчево – по 8, Крушево – 7, Штип – 6,  Кочани и Ресен по 5,  Свети Николе – 3, Дебар, Пробиштип,  Виница, Валандово и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1. Регистрирани се 171 оздравени пациенти од:Скопје – 71, Кавадарци – 20, Прилеп –18, Куманово – 14, Тетово – 12, Велес – 6, Кочани – 5, Гевгелија  и Битола – по 4, Штип, Струмица и Неготино  – по 3, Гостивар и Кратово – по 2, Ресен, Охрид, Делчево и Валандово – по 1 лице.

Пријавени се вкупно седум починати лица. Починати се по двајца пациенти од Скопје (68г, 81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп  (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови. 

Направени се 3.816 тестови преку: ИЈЗ-600, ЦЈЗ Скопје-96, Авицена-297, Биотек-480, Жан Митрев (Филип Втори)-147, Систина-318, Лаор–385, МАНУ-0, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-194, Ремедика-13, ИБЗД Козле-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1157, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290 лица.

Сподели на:

Related Posts