РЕГИСТРИРАНИ 1.422 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 124.910, ОЗДРАВЕНИ 457 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНАТИ 33 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.277 тестирања, а регистрирани се 1.422 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 618, Куманово – 94, Прилеп – 89, Велес – 76, Тетово – 63, Гостивар – 54, Кавадарци – 53, Битола – 50, Штип – 39, Гевгелија – 38, Охрид – 33, Струмица – 27, Неготино – 26, Кочани – 22, Кичево – 17, Струга 13, Ресен – 12, Пробиштип – 10, Дебар, Берово и Свети Николе – по 9, Крива Паланка и Радовиш – по 8, Валандово – 7, Богданци и Демир Капија – по 6, Македонски Брод и Пехчево – по 5, Виница и Делчево – по 4, Крушево – 3, Демир Хисар и Кратово – по 2, Дојран – по едно лице.

Регистрирани се 457 оздравени пациенти од:Скопје – 128, Прилеп – 50, Кавадарци -33, Неготино – 28, Гостивар – 26, Куманово, Тетово и Велес – по 25, Струмица – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Битола и Кочани – по 11, Берово -10, Валандово – 6, Радовиш – 5, Кичево и Крушево – по 4, Крива Паланка, Делчево и Демир Капија – по 3, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по едно лице.

Пријавени се вкупно 33 починати лица: 12 пациенти од Скопје (83г, 82г, 81г, 75г, 74г, 72г, 70г, 70г, 69г, 62г, 43г, 38г), по тројца пациенти од Тетово (69г, 60г, 41г) и Кавадарци (78г, 77г, 71г), по двајца пациенти од Битола (83г, 65г), Прилеп (73г, 68г) и Ресен (75г, 66г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62г), Гостивар (57г), Охрид (64г), Струмица (72г), Струга (76г), Крива Паланка (85г), Валандово (79г), Крушево (53г) и Кратово (76г). Од пријавените, 33 лица сите се починати во болнички услови.

Направени се 4.277 тестови преку: ИЈЗ-954, ЦЈЗ Скопје-129, ЦЈЗ Битола-103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-18, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–78, Жан Митрев (Филип Втори)-221, Авицена-343, Биотек-500, Систина-302, лабораторија Лаор–191, Синлаб-83, Ремедика-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1303 теста.

Сподели на:

Related Posts