ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИ СЕ ОДВИВА СО ДОБРА ДИНАМИКА ВО ЦЕЛА ДРЖАВА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во изјава за медиуми информираше за текот на вакцинацијата во А1 арената „Борис Трајковски“, каде во моментов се одвива вакцинација на граѓани помлади од 75 години.

– Салата Борис Трајковски продолжува да работи како четврти пункт за вакцинација во Скопје и сите граѓани кои уште на почеток беа пријавени, а се на возраст под 75 години, односно 73 и 74 години ќе се вакцинираат тука во салата во следните денови. Вакцинацијата ќе биде со вакцините кои ни се на располагање. Спутник В тоа што останаа по завршување на вакцинирањето на критичната инфраструктура, дел од вакцините на Астра Зенека и донацијата од на ОАЕ а тоа е кинеската вакцина. Направен е распоредот, нешто поразвлечен заради тоа што сепак станува збор за постари граѓани, некои од нив доаѓаат со придружба, а согласно динамиката како ќе се одвива ќе се прави распоредот и за следните денови. Добро се одвива целокупниот процес на вакцинација и во салата Борис Трајковски, а и ширум пунктовите во државата, рече министерот Филипче.

Потврден е и точниот датум на пристигнување на кинеските вакцини во количина од 200.000 дози и истите се очекува да ги добиеме на 28 април со што ќе се забрза динамиката на вакцинацијата и со истите ќе се опфати и поголема група граѓани.

-Следните вакцини на почеток на следната недела ги очекуваме од на компанијата Фајзер, според најавата на 19 април, 10.000 вакцини, на 26-ти уште 10.000 и има потврдата од кинеската амбасада дека кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28-ми април, посочи изјави министерот.

Што се однесува до состојбата во болниците, тој посочи дека после оној мини пик, како што беше  голем притисокот на почеток на неделата, бројките сега се мали.-

-Вкупниот број новодијагностицирани повторно бележи пад, тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје, така и ширум државата. Тој притисок што го имаше претходно го нема. Се уште има пријави и се уште сме внимателни заради тоа што има голем број дијагностицирани пациенти на кои може да им затреба болнички третман меѓутоа не е таква бројката на приеми каква што беше пред една недела. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дека дефинитивно ова се знаци дека и овој бран стивнува, посочи министерот Филипче.

Сподели на:

Related Posts