Транспортни неинвазивни респиратори, медицински мебел и постелнина, средства за дезинфекција и хигиена донираше Црвениот крст на Република Северна Македонија за Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), каде во заврша фаза е реконструкцијата на повеќе одделенија.
-Донацијата од Црвениот крст ќе најде широка примена на клиниката за добро на пациентите. Се надевам дека во иднина како Црвениот крст, така и сите општествено одговорни компании ќе донираат затоа што знаеме дека здравството и пациентите треба да бидат на право место, рече директорот на ТОАРИЛУЦ, Александар Трајановски.
Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити информира дека донацијата се состои од 35 неинвазивни респиратори, 60 медицински наткасни, шеесет постелнини, средства за дезинфекција, хигиена. Вредноста на донацијата, рече, е околу 320 илјади евра. Тој појасни дека дел од респираторите ќе бидат наменети и за други клиники и за болници надвор од Скопје.
-Донацијата е поради светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина но и поради неделата на македонскиот Црвен крст кои се одбележаа минатиот месец, но, пради динамика на активностите ја предаваме денеска. Ова е уште еден доказ дека парнерството и соработката со Министерството за здравство продолжува и натаму. Чувството и амбицијата на Црвениот керст за покажување општествено одговорна компнента е тука. Ќе продолжиме и натаму бидејќи цениме дека треба да бидеме блиску до сите институции бидејќи со нашите капацитети може да помогнеме за подобар одговор на сите предизвици што ги предизвика КОВИД-19, рече Саити.
Министерот Венко Филипче истакна дека Црвениот крст со години наназад, а особено во ковид-кризата даваат поддршка во справувањето со сите предизвици.
-Не запреа крводарителските акции, залихите на крв беа на исто ниво како и претходните временски периоди што беше многу битно. Особено е значајна и сега во процес на вакцинација каде волонтерите даваат поддршка за да се одржува и спроведува системот на вакцинација во центрите за масовна имунизација, рече Филипче.
Тој нагласи дека на Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се завршува целосната реконструкција на Одделението за ортопедија.
-Пациентите со специфична патологија, некаде од крајот на јули ќе бидат сместени во целосно реновирани услови. За тоа сакам да му честитам на директорот Трајановски, за ангажманот со целокупниот стручен колегиум, коишто овозможија да се спроведе целиот овој процес, рече министерот Филипче