Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.216 тестирања, а регистрирани се 2 нови случаи на Ковид-19 од Скопје.
Не се регистрирани оздравени пациенти.
Не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.216 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-34, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово–30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-5, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–12, МАНУ-57, Жан Митрев (Филип Втори)-85, Авицена-184, Биотек-148, Систина-43, лабораторија Лаор-130, Синлаб-17, Ремедика-19, Плодност–20, Генеа–12, Никоб лаб-361, ВФВ Медикал-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 858. Во земјата, досега, се направени вкупно 879.339 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223 лица.