ПРВПАТ ВО ЗЕМЈАВА НА ГАК ИЗВРШЕН ЕКСТРАПЕРИТОНЕАЛЕН ЦАРСКИ РЕЗ

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство првпат беше изведен екстраперитонеален царски рез врз трудница. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети родилката и нејзиното новородено, сместени на одделот за пуерпериум при ГАК. Екстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на царски рез која е однапред позната пред 70 години и во поново време првпат е реафирмирана во Франција.

На ГАК-Скопје на 8 октомври овој вид на царски рез беше изведен врз 23-годишна пациентка, која претходно имала три големи хируршки адоменални операции заради повреди на внатрешни органи. Постоеја индикации нејзиното породување да заврши со царски рез, кој требаше да се направи во интерес на бебето.

Доктор Игор Самарџиски, кој го изведе оперативниот зафат, неодамна се врати од едукативен престој – активен курс во болница во Ница, Франција каде учествуваше во изведување екстраперитонеални царски резови. Техниката за екстраперитонеалниот царски рез е специфична, почнува во исти стил како и клисичниот царски рез, но кон местото на сечењето на матката и вадењето на плодот се пристапува со посебна техника на странично избуткување на бешиката од местото каде што треба да се направи екстараперитонеалниот царски рез. Потоа следува специфично кружно шиење на отворот на матката, што исто така придонесува за намалување на времетраењето на интервенцијата и за подобро зараснување на местото каде е пресечена матката.

Сподели на:

Related Posts