ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.563.990 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 45 ОТСТО ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ

Во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцинирани, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани. 54% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.  

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози се опфатени 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 35% од популацијата во државата примиле две дози вакцина.  

Сподели на:

Related Posts