Од рано утринава се отворени пунктовите за вакцинација против сезонски грип. Заинтересираните граѓани да се пријават на vakcinacija.mk и по СМС порака смс ќе добијат термин. Годинава се обезбедни 40 илјади вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани. Вакцините за нив се бесплатни. Дополнително се обезбедени и 11 илјади вакцини за комерцијална употреба.
Вакцинацијата се спроведува во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде нема вакцинација за Ковид-19. Секој граѓанин може да се пријави на сајтот vakcinacija.mk и ќе добие СМС порака со ден, време и точно место каде може да дојде да се вакцинира против сезонски грип.
Исто така, ќе се врши и теренска вакцинација во домовите за стари лица, центрите за дијализа, за здравствените работници ќе се организира пункт во Институтот за јавно здравје, а во Скопје каде се очекува и најголем притисок за вакцинација освен во Центарот за јавно здравје од поликлиниките за вакцинација за сезонски грип ќе бидат наменети тие во Ѓорче Петров, Бит Пазар и во Идадија.