КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ НАДГРАДЕНА СО НОВИ ЧЛЕНОВИ – ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЗНАЧЕН Д-Р ПЕТЛИЧКОВСКИ, Д-Р МЕХМЕДОВИЌ ЗА ПОРТПАРОЛ

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа состанок во новиот состав. Комисијата е формирана и надградена, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство, Беким Сали.

Проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија и хумана генетика е назначен за претседател на Комисијата, а д-р Злате Мехмедовиќ за нејзин портпарол.

Министерот Сали им се заблагодари на сите членови кои учествуваа во работата на Комисијата во изминатите две години и им посака добредојде на сите нови членови во проширениот состав.

– Отсега па натаму Комисијата ќе се состанува на редовни неделни состаноци секој вторник, а по потреба и почесто. Претседателот на Комисијата ќе ги одржува редовните состаноци, по потреба министерот за здравство ќе биде присутен на Комисијата и барам од сите новинари  да бидат во постојан контакт со д-р Злате Мехмедовиќ, додаде министерот Сали.

– Како и на досегашната Комисија за заразни болести, цел и на оваа Комисија за заразни болести ќе биде артикулирање на научните податоци кои ги имаме и нивно применување во нашите околности. Значи нашата цел ќе биде да се држиме исклучиво до научните студии и овие заклучоци од студиите да пробаме да ги имплементираме во нашата средина. Ние нема да работиме на принцип во Англија се фрлија маските и ние веднаш ќе ги фрлиме и тука маските. Не е само Англија пример има и други примери. Во Македонија условите се поспецифични за да може толку еднострано да прифаќаме претпоставки од околината и од надвор, рече д-р Петличковски.

Портпаролот на Комисијата, д-р Мехмедовиќ посочи дека смета оти надградувањето на Комисијата е во насока на подобрување на комуникацијатасо со граѓаните во однос на препораките кои се носат на Комисијата за заразни болести. 

Сподели на:

Related Posts